Езекиел 41:19-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. кон палмата од едната страна човечко лице, а кон палмата од другата страна лавско лице. Така беше по сиот Храм сè наоколу:

20. од земјата до над вратата беа наделкани херуви и палми, а така и по ѕидот на Храмот.

21. Довратниците на Храмот беа четириаглести. И Светилиштето имаше таков вид, како што видов.

22. Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!”

23. И Храмот и Светилиштето имаа по две врати,

24. а секоја врата по две крила што се вртеа. Две крила на едната и две крила на другата врата.

25. А на вратите на Храмот беа ископаничарени херуви и палми, како што беа изделкани и по ѕидовите. Надвор пред тремот беше дрвена надстреа.

26. Прозорците со решетките и палмите беа од едната и од другата страна на тремот, во страничните простории на Домот и на стреите.

Езекиел 41