Езекиел 41:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа ме одведе во Храмот. Му ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната и шест лакти од другата страна.

2. Вратата беше широка десет лакти: на секоја страна по едно крило од пет лакти. А потоа го измери Храмот: беше долг четириесет а широк дваесет лакти.

3. Тогаш влезе и ги измери полустолбовите на вратата: два лакта; потоа вратата: шест лакти; па широчииата на вратата: седум лакти.

4. Потоа го измери внатрешниот простор: должина дваесет лакти, широчина пред Храмот дваесет лакти. И ми рече: „Тоа е Светина над Светините.”

Езекиел 41