47. Тој го измери дворот. Должина: сто лакти, широчина сто лакти; беше четириаглест. Пред Домот стоеше жртвеник.
48. А потоа ме поведе кон тремот, и ги измери полустолбовите на тремот: беа пет лакти на едната и пет лакти на другата страна. Вратата беше широка три лакти од едната и три лакти од другата страна.
49. Тремот беше долг дваесет лакти, широк дванаесет лакти. Десет басамаци водеа натаму. На довратниците од една и од другата страна стоеше по еден столб.