Езекиел 4:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А Јас ќе те врзам со јажиња, за да не можеш да се вртиш од едната страна на другата додека не ги исполниш деновите на својата опсада.

9. Земи пченица, јачмен, грав, леќа, просо и ‘рж, стави го тоа во еден сад и направи си леб од тоа. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет денови.

10. Јадењето што ќе го јадеш ќе биде измерено: дваесет сикли на ден; а ќе го јадеш во одредено време.

11. И вода ќе пиеш со мерка шестинка од ин. Ќе ја пиеш во одредено време.

12. А ќе јадеш погача од јачмен што ќе ја испечеш пред нив врз човечка нечистота.”

13. И Господ рече: „Така Израелевите синови ќе го јадат својот нечист леб меѓу народите меѓу кои ќе ги протерам.”

14. Јас му одговорив: „О Господи, Боже, ете, мојата душа не е извалкана, зашто уште од детството не вкусив ништо пцовисано ни раскинато, ниту во мојата уста влезе некогаш нечисто месо.”

15. А Тој рече: „Ете, ти давам кравска лепешка место човечка нечистота, за да испечеш леб врз неа!”

16. Уште ми рече: „Човечки сине, ќе ја уништам во Ерусалим последната поткрепа во леб, и ќе јадат леб со мерка и со тешкотија и ќе пијат вода со мерка и со тресење од страв.

Езекиел 4