Езекиел 36:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. ”Човечки сине, кога Израелевиот дом уште живееше во својата земја, ја обесвети со своите неправди и со своите патишта. Нивните патишта беа пред Мене како нечистота на нечиста жена.

18. И затоа го излеав Својот гнев заради крвта што ја пролеаја и заради идолите со кои се обесветија.

19. Ги распрснав меѓу народите и ги расеав по земјите. Им судев според нивните патишта и неправди.

Езекиел 36