Езекиел 34:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Овците скитаат по сите гори и по високите брегови; Моите овци се распрснати по сета земја, и никој не прашува за нив, нема никој да ги бара.”

7. Затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

8. ”Животот Ми Мој, говори Господ Бог: затоа што моите овци им станаа плен и храна на ѕверовите, немајќи пастир, додека Моите пастири не ги бараа Моите овци, туку се пасат самите себе, а не го пасат Моето стадо” -

9. затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

Езекиел 34