17. Во дванаесеттата година, во првиот месец, во петнаесеттиот ден, ми дојде Господовото слово:
18. ”Човечки сине, тажи по египетското множество, турни го, него и ќерките на славните народи, во подземниот крај, како оние што слегоа во јамата.
19. Од кого си поубав? Слези и почини со необрезаните.
20. Тие ќе паднат меѓу оние кои мечот ги покоси; на меч се предадоа, ќе добијат легло со сето множество.
21. Најхрабрите јунаци ќе му зборуваат од срцето на гробот: ‘Ти и твоите помошници, слезете и починете со необрезаните, покосени од меч!’
22. Таму е Асирецот и сето негово мноштво околу неговиот гроб, сите истепани, покосени со меч.