Езекиел 31:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во единаесеттата година, во третиот месец, во првиот ден, ми дојде Господво слово:

2. ”Човечки сине, кажи му на фараонот египетскиот цар, и на неговиот народ: ‘На кого личиш со својата величина?

3. Еве, ќе те споредам со либански кедар, со убави гранки, со густи лисја и со високо стебло, врвот му стига до облаците.

4. Водата го отхрани и ја возвиши бездната; со своите реки му ги вадеше насадите, своите потоци ги испраќаше кон сите полски дрва.

5. И затоа тој со раст ги надвиши сите полски дрва. Гранките му се намножија, гранчињата му се разгранчија, од изобилната вода што дотечуваше до него;

Езекиел 31