Езекиел 30:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тој ќе биде пустина меѓу запустените земји, а неговите градови урнатини меѓу разурнатите градови.

8. И ќе знаат дека Јас Сум Господ, кога ќе го запалам Мојот оган во Египет и кога ќе ги сотрам сите негови помошници.

9. Во оној ден ќе испловат гласници од Мене за да ја застрашат безгрижната Етиопија. И стравот ќе ја зафати во египетскиот ден. Зашто, еве наближува!”

10. Господ Бог зборува вака: „Ќе го уништам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар!

Езекиел 30