Езекиел 30:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Ридајте: ‘О несреќен ден!’

3. Зашто денот наближува, наближува Господовиот ден! Ден облачен, време одредено за народите.

4. И меч ќе влезе во Египет а стравот ќе ја опфати Етиопија, кога ќе почнат мртвите да паѓаат по Египет и кога ќе биде ограбено неговото богатство та кога ќе му ги срушат сите основи.

Езекиел 30