Езекиел 3:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Ете, затоа ќе го закоравам твоето лице како што е и нивното, и твојата глава ќе ја направам тврдоглава како што е и нивната.

9. И не бој се од нив и не плаши се, зашто тие се одметнички род!”

10. Ми рече: „Човечки сине, сите зборови што ќе ти ги речам земи ги на срце и послушај ги со своите уши.

11. И оди кај заробениците, кај синовите на својот народ, и речи им: ‘Вака зборува Господ Бог,’ послушале или не послушале!”

12. Тогаш Духот ме подигна, и јас чув зад себе силен глас. Господовата слава се подигна од своето место.

Езекиел 3