5. Ќе ве фрлам во пустината тебе и сите риби од твоите реки, ќе паднеш на отворено поле и никој не ќе те подигне, ниту ќе те погребе, на земските ѕверови и на небесните птици ќе те дадам за храна!
6. И ќе знаат сите жители на Египет дека Јас Сум Господ. Зашто ти беше трска за потпирач на Израелевиот дом!
7. Кога те фатија во рака, ти се скрши и им го прободе рамото; а кога се потпреа врз тебе ти пукна и им ги рани сите бедра.”
8. Затоа Господ Бог зборува вака: „Ете, ќе го доведам Својот меч против тебе, ќе ги истребам од тебе и луѓето и животните!
9. Сета Египетска Земја ќе биде пустина и урнатина, и тие ќе знаат дека Јас Сум Господ. Зашто ти рече: ‘Реката е моја, си ја направив за себе.’