Езекиел 29:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во десеттата година, во десеттиот месец, на дванаесеттиот ден, ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон фараонот, египетскиот цар, и пророкувај против него и против сиот Египет.

3. Зборувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве ме, против тебе, фараону, египетски цару, голем крокодилу што лежиш сред своите реки. Ти рече: ‘Реките се мои, си ги направив за себе.’

Езекиел 29