Езекиел 28:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Срцето ти се возгордеа заради твојата убавина, ја занемари својата мудрост, заради своето богатство! Те фрлив на земја и те предадов на земните цареви за да те гледаат презирно.

18. Со мноштвото на своето беззаконие, со нечесно тргување, ги обесвети своите светилишта! Пуштив оган сред тебе за да те проголта. Те претворив во пепел на земјата пред очите на оние што те набљудуваат.

19. Сите кои те познаваат меѓу народите, се згрозија над тебе! Зашто ти стана страшило, те снема засекогаш!”‘“

20. И ми дојде Господово слово:

21. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сидон, пророкувај против него.

Езекиел 28