Езекиел 27:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Во тага ќе ти ја запеат тажачката, над тебе ќе тажат: „Кој град беше горделив како Тир сред морето?”

33. Зашто кога тој би го растоварил благото многу народи би ги наситил со тоа! Со изобилството на богатствата и со трговијата би усреќил многу земни цареви.

34. А ете, сега, морските бранови те здробија, потона во морските длабочини! Твоето богатство и сета посада потонаа со тебе.

35. Сите островски жители заради тебе се исплашија. Нивните цареви се наежија, главите ги наведнаа морално скршени.

Езекиел 27