Езекиел 27:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. и речи му на Тир што лежи при влезот во морето и тргува со народите на безбројните острови: Господ Бог зборува вака: ‘Тиру што зборуваше: „Јас сум прекрасен, со вонредна убавина.”

4. Твоите меѓи достигаат длабоко во морето, твоите градители те направија убав беспримерно.

5. Од сенирските чемпреси ти изградија даски, зедоа ливански кедар, ти подигнаа јарболи;

6. од васанските дабови ти изделкаа весла, од слоновата коска и од буковото дрво од Китимските Острови, ти ги направија седиштата!

Езекиел 27