Езекиел 27:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. И Дан и Јаван од Узел за твојата трговија менуваа прекалено железо, цимет и слатка трска.

20. Дедан тргуваше со тебе со покривки за коли.

21. Арабјаните и кидарските кнезови вршеа размена со тебе и за тргувањето ти плаќаа со јагниња, јарци и со овни.

22. Трговците од Сава и од Рама тргуваа со тебе, за тргувањето ти даваа најдобрите бесценети камења и злато.

23. Харан, Кана и Еден, трговците на Сава, Асирија и Хилмад тргуваа со тебе. Менуваа за твоите стоки

24. скапоцени облеки, отворено црвени и везени наметки, шарени ткаенини и цврсто плетени јажиња.

25. Натоварените тарсиски бродови ја превезуваа твојата роба! Беше полн и многу славен во срцето на морето.

Езекиел 27