Езекиел 27:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И Дедановите синови тргуваа со тебе. Многу острови ти беа подложени: ти плаќаа данок во слонова коска и во абаносово дрво.

16. Заради изобилството на твојата стока Едом тргуваше со тебе, ти даваа за стоките антракси отворено - порфир и везено, корали и рубини;

17. и Јудеја и Израелевата Земја тргуваа со тебе со минитско жито, со восок со мед, со масло и со мирислива смола, за лек ги плаќаа твоите стоки!

18. Заради изобилството на твојата трговија, заради твоето големо благо, и Дамаск тргуваше со тебе со хелвонско вино и со бела волна.

Езекиел 27