Езекиел 24:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Така му пророкував на народот, а навечер ми умре жената, та утреден направив како што ми беше заповедано.

19. На тоа народот ме праша: „Не ќе ни кажеш ли што значи за нас тоа што го правиш?”

20. Јас им одговорив: „Ми дојде Господово слово:

21. ’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила радоста на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч.

22. Тогаш ќе направите како што направив и Јас: не ќе ги покривате брадите и не ќе јадете погачи за жалост!

Езекиел 24