Езекиел 23:22-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Затоа Оливо Господ Бог зборува вака: ‘Ете, ќе ги подигнам против тебе твоите љубовници, кои и се згадија на твојата душа, и ќе ги доведам отсекаде против тебе:

23. Вавилонците, сите Халдејци, Фекоѓанците, Соанците и Коанците, а со нив сите асирски синови - сè одбор момчиња, кнезови и заменици, јунаци на глас, вешти коњаници.

24. И ќе дојдат против тебе од север многубројни коњи и коли со мноштво народи и ќе се наредат отсекаде против тебе со штитови, со кациги и со оклопи. Ним ќе те предадам на суд, и со свој суд ќе ти судат.

25. Ќе ја оборам врз тебе сета своја ревност, нека постапат јаросно со тебе; нека ти ги отсечат носот и ушите, а твојот остаток нека падне од меч; да ти ги одведат синовите и ќерките, а твојот остаток огнот нека го проголта.

26. И ќе ги скинат од тебе твоите облеки и ќе ти ги ограбат сите твои накити.

27. Така ќе ги докрајчам сиот твој срам и блудничењето, сè таму од Египет: не ќе ги подигаш веќе очите кон нив и не ќе си спомнуваш веќе за Египет!’

28. Зашто, Господ Бог зборува вака: ‘Еве ме! Ќе те предадам во рацете на оние кои што ти ги замрази, кои и се згадија на твојата душа.

29. Нека ја излеат врз тебе својата омраза, нека ти ја преземат сета мака, а тебе нека те остават гола и разголена! Нека се открие сета голота на твоето блудство и на бесрамноста, на твоето блудствување.

30. Сè тоа ќе те стигне заради твоето блудствување со народите и дека си се онечистила со нивните идоли.

31. Одеше по патот на својата сестра: ќе ти ја дадам нејзината чаша во раката.’

32. Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја испиеш чашата на својата сестра, длабока и широка чаша, и ќе бидеш за потсмев и за презир, зашто нејзината содржина е голема.

33. Ќе се наполниш со пијанство и со жалост! Таа е чаша на запустување, на ужас - чашата на твојата сестра, Самарија.

Езекиел 23