Езекиел 14:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. ако останат во неа само тројца луѓе - Ное, Даниел и Јов - тие ќе се спасат со својата праведност - говори Господ Бог.

15. Исто така, ако против таа земја пуштам диви ѕверови, за да и ги уништат децата, а неа ја претворат во пустина, низ која никој не ќе се осмели веќе да помине заради ѕверовите;

16. ако во неа останат само тие тројца луѓе, животот Ми Мој - зборува Господ Бог - тие не ќе ги спасат ни синовите ни ќерките, туку само себеси, а нивната земја ќе стане вистинска пустина.

17. Или, ако Јас го истргам мечот против таа земја велејќи: ‘Мечу, помини низ оваа земја!’ за да ги истребам во неа сите луѓе и добитокот,

18. а ако во неа се најдат оние тројца луѓе, животот Ми Мој - говори Господ Бог, тие не ќе ги спасат ни синовите ни ќерките, туку само себеси.

19. Или, ако Јас испратам помор против таа земја, та излеам врз неа гнев и колеж, за да ги сотрам во неа сите луѓе и добитокот,

20. а во неа останат само оние тројца луѓе, Ное, Даниел и Јов, животот Ми Мој - зборува Господ Бог - тие не ќе ги спасат ни синовите ни ќерките, туку само себеси со својата праведност.”

Езекиел 14