Езекиел 14:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа дојдоа кај мене некои од Израелевите старешини и седнаа пред мене.

2. И ми дојде Господовото слово:

3. ”Човечки сине! Тие луѓе ги носат идолите во срцето и ги насочуваат очите во она што ги поттикнува на грев. Па зар да трпам да бараат совет во Мене?

4. Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „На секој од Израелевиот дом кој носи идоли во срцето и ги насочува очите во она што ги поттикнува на грев, а доаѓа кај пророкот, Јас, Господ, ќе му одговорам според мноштвото на неговите идоли,

Езекиел 14