Езекиел 12:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Бидејќи што Јас, Господ, Господ, зборувам, тоа и ќе биде и словото нема да биде одложено! Да! уште во вашите дни, бунтовнички роду, ќе го изговорам словото и ќе го извршам.” Така зборува Господ, Господ!’”

26. И ми дојде Господово слово:

27. ”Човечки сиие! Еве што се зборува во Израелевиот дом: ‘Видението што овој го виде е за далечни денови! Пророкува за далечни времиња!’

28. Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ниедно Мое слово нема веќе да се одложи! Што реков, речено е и сè ќе се исполни! - Говори Господ Бог.’”

Езекиел 12