Езекиел 10:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Погледнав и ете: покрај херувите четири колца, по едно покрај секого. А тркалата беа слични на каменот хрисолит;

10. сите четири со исти облик и како едното тркало да е во другото.

11. При движењето можеа да одат во сите четири насоки, сè без завртување. Каде што ќе се насочеше главата, натаму би тргнале а да не требаа, движејќи се, да се вртат.

12. Целото тело на херувите - плеќите, рацете, крилата и сите четири нивни колца - сè им беше насекаде наоколу полно со очи.

13. А колцата, колку што чув, се викаа „Виор”.

14. Секој имаше по четири лица: лицето на првиот херувско, лицето на вториот човечко, а во третиот лице лавско, во четвртиот орелско.

15. Тогаш херувите се подигнаа во височините, тоа беше истото суштество што го видов покрај реката Хевара.

16. Кога херувите ќе тргнеа, ќе тргнеа и тркалата покрај нив, кога херувите ќе замавтаа со крилата за да се подигнат од земјата, колцата не се отстрануваа од нив.

17. Кога ќе застанеа, и тркалата се креваа, зашто духот на суштествата беше во нив.

18. Тогаш Господовата Слава се крена од прагот на Домот и застана над херувите.

Езекиел 10