Езекиел 10:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. А херувите стоеја од десната страна на Домот кога човекот влезе меѓу нив. И облакот го исполни сиот внатрешен двор.

4. А Славата Господова се крена од херувите кон прагот на Домот. Домот се исполни со облакот, а светлината на Господовата Слава го исполни дворот.

5. Шумот на херувските крила се слушаше сè до надворешниот двор, како гласот на Сèсилниот Бог, кога Тој зборува.

6. А кога тој му заповеда на човекот облечен во ленено: „Земи оган меѓу колцата што се под херувите”, човекот влезе и застана покрај тркалата.

Езекиел 10