Езекиел 10:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Секој имаше по четири лица: лицето на првиот херувско, лицето на вториот човечко, а во третиот лице лавско, во четвртиот орелско.

15. Тогаш херувите се подигнаа во височините, тоа беше истото суштество што го видов покрај реката Хевара.

16. Кога херувите ќе тргнеа, ќе тргнеа и тркалата покрај нив, кога херувите ќе замавтаа со крилата за да се подигнат од земјата, колцата не се отстрануваа од нив.

17. Кога ќе застанеа, и тркалата се креваа, зашто духот на суштествата беше во нив.

18. Тогаш Господовата Слава се крена од прагот на Домот и застана над херувите.

Езекиел 10