Езекиел 1:7-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.

8. Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.

9. Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.

10. И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.

11. Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.

12. И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.

13. А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.

14. Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.

15. Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.

16. Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.

17. При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.

18. А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.

19. Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.

20. Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

21. Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

22. Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.

23. А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.

Езекиел 1