Езекиел 1:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во триесеттата година, во чет-вртиот месец, во петтиот ден, кога бев меѓу заробениците при реката Хевар, небесата се отворија, и јас видов Божјо видение.

2. Во петтиот ден на истиот месец - во петтата година откако го одведоа во ропство царот Јоаким -

3. Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.

Езекиел 1