Ездра 8:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Книжевникот Ездра стоеше на дрвена говорница, што ја подигнаа за таа прилика. Покрај него стоеја: од десната страна Мататиј, Сема, Анај, Уриј, Хелкији Масиј, а од левата страна: Федај, Мисаил, Малхиј, Асум, Асвадон,Захариј и Месулам.

5. Ездра го отвори свитокот пред очите на сиот народ - зашто беше повисок од сиот народ - а кога го отвори, сиот народ стана.

6. Тогаш Ездра го благослови Господа, великиот Бог, а сиот народ, со подигнати раце, одговори: „Амин! Амин!” Потоа клекнаа и се поклонија пред Господа, со лицето доземја.

7. А левитите Исус, Ваниј, Серевиј, Јамин, Акув, Саветај, Одиј, Масиј, Келит, Азариј, Јозавад, Анан и Пелај му го објаснуваа Законот на народот, а народот стоеше на своето место.

Ездра 8