Ездра 7:59-71 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. Софатиини синови, Атилови синови, Фохерет- Севаини синови, Амонови синови.

60. Вкупно Нетиици и синови на Соломоновите слуги триста деведесет и два.

61. Следните луѓе, кои дојдоа од Тел Мелех, од Тел Арис, од Херув и од Адон и од Имир, не можеа да докажат дека нивните семејства и нивниот род се од Израелско потекло:

62. Делаини синови, Товиини синови, Никодини синови: шест стотини четириесет и два.

63. А од свештениците: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Варзелај - оној кој се ожени со една од ќерките на Галадецот Варзелај па го зеде неговото име.

64. Овие луѓе го бараа својот запис во родовниците, но не можеа да го најдат: беа исклучени од свештенството,

65. и намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник на Урим и Тумим.

66. Вкупно во собирот беа: четириесет и две илјади и триста шеесет личности,

67. не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Беа уште и двеста четириесет и пет пејачи и пејачки,

68. седум стотини и шест коњи, двеста четириесет и пет мазги,

69. четири стотини триееет и пет камили и шест илјади и седум стотини и дваесет ослици.

70. Одделни главатари на семејствата дадоа прилози за градбата. Заменикот вложи во ризницата илјада драхми злато, педесет врчви, триесет свештенички облеки.

71. Некои од главатарите на семејствата дадоа во работната ризница дваесет илјади драхми злато и двеста мини сребро.

Ездра 7