Ездра 6:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. А јас одговорив: „Зар да бега човек каков што сум јас? Кој човек, сличен на мене, може да влезе во Храмот и да остане жив? Не, јас не одам.”

12. И тогаш разбрав: Бог не го испратил, туку ми го објави пророштвото, зашто Товиј и Санавалат го поткупија,

13. за да постапам онака, исплашен, та да згрешам. Тоа ќе им послужеше да ме озлогласат и да ми се потсмеваат!

14. Спомни си, Боже мој, за Товиј и за Санавалат според овие нивни дела, а и за пророчицата Ноадија и за другите пророци, што сакаа да ме исплашат.

15. Ѕидот беше завршен на дваесет и петтиот ден на Елул, за педесет и два дена.

16. А кога чуја сите наши непријатели и видоа сите многубошци околу нас, тоа беше чудо во нивните очи, зашто сфатија дека нашиот Бог го направи тоа дело.

Ездра 6