7. Кога Санавалат, Товиј, Арабјаните, Амонците и Азотците чуја дека напредува поправањето на ерусалимските ѕидови - зашто почнаа да се затвораат распукнатините - многу се разгневија.
8. Сите заедно се заколнаа дека ќе го нападнат Ерусалим и дека ќе ни пречат.
9. Ние тогаш го повикавме нашиот Бог и поставувавме дневна и ноќна стража, за да го заштитиме градот.
10. Но Јудејците зборуваа: „Силите на носачите им се намалија, а урнатините се многу: не ќе стигнеме никогаш да го изградиме ѕидот!”
11. А нашите непријатели рекоа: „Ќе се вовлечеме меѓу нив, пред да дознаат и да нè забележат: тогаш ќе ги погубиме и така ќе го осуетиме потфатот!”
12. А кога ќе дојдеа Јудејците, кои живеат покрај нив, по десетпати нè опоменуваа: „Идат против вас да ве нападнат од сите места во кои престојуваат!”
13. Се поставивме во низините, зад ѕидот и на голинките; го распоредив народот по родови, со мечеви, копја и лакови.