16. Но од тој ден само половина од моите момчиња ја вршеа работата, а другите држеа копја, штитови, лакови и оклопи, а главатарите стоеја зад Јудиниот Дом,
17. кои го градеа ѕидот. И носачите на товарот држеа оружје: со едната рака секој ја вршеше својата работа, а оружјето му беше во другата.
18. Секој од градителите додека работеше, носеше меч припашан на половината. Трубачот стоеше покрај мене.
19. Им реков на благородниците, на првенците и на другиот народ: „Работата е голема и обемна, а ние сме распрснати по ѕидот, далеку едни од други:
20. соберете се околу нас на местото каде ќе го чуете гласот на трубата, а нашиот Бог ќе се бори за нас”.
21. Така ја вршевме работата од рани зори до првите ѕвезди. Половината беше вооружена со копја.