Ездра 2:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Уште му реков на царот: „Ако му е по волја на царот, би можел да им однесам писма на управителите од онаа страна на Реката, за да ме пуштат до Јудеја;

8. и писмо до Асафа, надгледувачот на царевата гора, за да ми даде дрва за градење на вратата на тврдината на Храмот, за градскиот ѕид и за куќата во која ќе се настанам”. И царот ми даде, зашто добрата рака на мојот Бог беше над мене.

9. И така дојдов кај управителите од онаа страна на Реката и им ги дадов царевите писма. А царот испрати со мене воени началници и коњаници.

10. Кога Санавалат, Оронец, и слугата Товиј, Амонец, го чуја тоа, им беше многу одвратно, бидејќи дојде човек, за да се заземе за доброто на Израелците.

Ездра 2