Ездра 13:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. средил пространа соба каде беа оставени порано приносите, темјанот, посатките, десетокот од житото, виното и маслото, одредени за левитите, пејачите и вратарите и придонесите за свештениците.

6. Во тоа време не бев во Ерусалим, зашто во триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс отидов кај царот; но по некое време измолив од царот

7. за да можам да се вратам во Ерусалим. Тогаш научив за злото дело што го направил Елијасив, одредувајќи му соба на Товиј во дворовите на Божјиот Дом.

8. Тоа ме расрди многу; го исфрлив од собата сиот намештај на Товииниот стан,

9. и наредив да ги исчистат собите, потоа ги внесов онаму посатките на Божјиот Дом, доприносите и темјанот.

10. Го научив и тоа дека левитите не ги даваа своите делови и дека и левитите и пејачите, одредени за служба, се разбегаа секој во своето поле.

11. И ги укорив старешините и реков: „Зошто е запустен Божјиот Дом?” Потоа ги собрав левитите и пејачите и ги вратив на нивните служби.

12. Тогаш сета Јудеја донесуваше во собиралиштата десеток од житото, виното и маслото.

13. Над складовите ги поставив свештеникот Селемиј, книжевникот Садок и левитот Федај, а покрај нив Анан, синот Захуров, син Матаниев. Нив ги сметаа за верни; нивната должност беше да им делат на своите браќа.

14. Затоа, Боже мој, спомни си за мене: не презирајги моите побожни дела, кои ги направив за Домот на својот Бог и за службата во него.

Ездра 13