Ездра 13:18-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Не правеа ли така и вашите татковци, та Бог ја доведе сета оваа несреќа на нас и на нашиот град? А зар вие сакате да го умножите гневот против Израел обесветувајќи ја саботата?”

19. И уште заповедав спроти сабота, кога мракот ќе се спушти врз ерусалимските врати да ги затворат нивните крила, и реков да не ги отвораат додека не помине саботата! Поставив неколку свои момоци при вратата, за да не се внесува никаков товар во саботен ден.

20. Еднаш или двапати трговците и продавачите на разновидни стоки поминаа ноќ вон Ерусалим,

21. но ги предупредив и им реков: „Зошто ја поминувате ноќта под ѕидот? Ако го повторите тоа, ќе подигнам рака против вас!” Од тоа време веќе не доаѓаа во сабота.

22. Им заповедав на левитите да се очистат и да дојдат да ја чуваат вратата, за да би се празнувал саботниот ден. Спомни си за мене и за ова, Боже мој, и смилувај ми се според Својата голема милост!

23. Во оние денови видов и Евреи, кои се беа ожениле со Азотки, Амонки и Моавки.

24. Половината нивни синови зборуваше азотски или на јазикот на овој или оној народ: веќе не знаеја да зборуваат еврејски.

25. Ги корев и ги проколнував, некои и ги биев, им ги корнев косите и ги заколнував во Бога: „Не давајте ги своите ќерки за нивните синови, и не земајте жени од нивните ќерки за своите синови, а ни за себе!

26. Не згреши ли во тоа Соломон, Израелевиот цар? Меѓу многу народи немаше цар рамен на него. Му беше мил на Бога, и Господ го постави цар над сиот Израел. Но туќинките го наведоа и него на грев!

27. Треба ли да се слуша како и вие што правите големо зло и Му станувате неверни на нашиот Бог, женејќи се со туѓинки?”

28. Еден од синовите на Јодад, синот на велесвештеникот Елијасив му беше зет на Оронецот Санавалат. Него го избркав од кај себе.

29. Спомни си, Боже мој, за овие луѓе, зашто ги осквернија свештенството и свештеничкиот и левитскиот завет.

30. Така ги исчистив од сè туѓо и пак ја воспоставив службата на свештениците и левитите, доделувајќи му ја секому неговата служба.

31. Уредив да се носат и дрва во одредени денови, и првините. Спомни си за мене, Боже мој, за мое добро!

Ездра 13