12. Тогаш сета Јудеја донесуваше во собиралиштата десеток од житото, виното и маслото.
13. Над складовите ги поставив свештеникот Селемиј, книжевникот Садок и левитот Федај, а покрај нив Анан, синот Захуров, син Матаниев. Нив ги сметаа за верни; нивната должност беше да им делат на своите браќа.
14. Затоа, Боже мој, спомни си за мене: не презирајги моите побожни дела, кои ги направив за Домот на својот Бог и за службата во него.
15. Во она време видов во Јудеја луѓе, кои газеа во каци во саботен ден; други носеа снопови жито, товареа на ослици вино, грозје, смокви и секакви товари, за да ги внесат во саботен ден во Ерусалим. И ги укорив луѓето зашто продаваат храна во тој ден.
16. А Тирците, кои живееја во Ерусалим, донесуваа онаму риби и секакви стоки за да им ги продаваат на Евреите во сабота.
17. Ги укорив јудејските големци и им реков: „Какво зло дело правите и го осквернувате саботниот ден?
18. Не правеа ли така и вашите татковци, та Бог ја доведе сета оваа несреќа на нас и на нашиот град? А зар вие сакате да го умножите гневот против Израел обесветувајќи ја саботата?”
19. И уште заповедав спроти сабота, кога мракот ќе се спушти врз ерусалимските врати да ги затворат нивните крила, и реков да не ги отвораат додека не помине саботата! Поставив неколку свои момоци при вратата, за да не се внесува никаков товар во саботен ден.