15. Од левитите: Семај, синот Асувов, син Азрикамов, син Асавиев, син Вуниев;
16. и Саветај и Јозавад, од левитските главатари, за надгледување на надворешните работи на Божјиот Дом;
17. и Матаниј, син Михов, син Завдиев, син Асафов, кој управуваше со псалмите, ги почнуваше благодарниците и молитвите; и Вавукиј, втор меѓу своите браќа; и Авда, синот Салиев, син Галалов, син Јадутонов.
18. Во Светиот Град вкупно левити беа: двеста осумдесет и четири.
19. А вратари: Акув, Талмон и нивните браќа, кои чуваа стража на вратите: сто седумдесет и два.
20. А другиот Израел, свештениците и левитите, се населија во сите градови на Јудеја, секој во своето наследство, и по населбите на нивните полиња.