12. и нивните браќа, кои исполнуваа служба во Домот: осум стотини дваесет и два; и Адај, синот Јероамов, син Фелалиев, син Амсиев, син Захариев, син Пасхоров, син Малахиев,
13. и неговите браќа, главатари на семејствата: двеста четириесет и два; и Амасај, синот Азариелов, син Азаев, син Месилемотов, син Имиров,
14. и нивните браќа, способни за бој: сто дваесет и осум. Завдил, синот Гедолимов, беше заповедник над нив.
15. Од левитите: Семај, синот Асувов, син Азрикамов, син Асавиев, син Вуниев;
16. и Саветај и Јозавад, од левитските главатари, за надгледување на надворешните работи на Божјиот Дом;
17. и Матаниј, син Михов, син Завдиев, син Асафов, кој управуваше со псалмите, ги почнуваше благодарниците и молитвите; и Вавукиј, втор меѓу своите браќа; и Авда, синот Салиев, син Галалов, син Јадутонов.
18. Во Светиот Град вкупно левити беа: двеста осумдесет и четири.
19. А вратари: Акув, Талмон и нивните браќа, кои чуваа стража на вратите: сто седумдесет и два.
20. А другиот Израел, свештениците и левитите, се населија во сите градови на Јудеја, секој во своето наследство, и по населбите на нивните полиња.