Ездра 1:6-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Твоето уво нека биде внимателно и Твоите очи отворени, за да ја чуеш молитвата на Својот слуга. Ти се молам сега, дење и ноќе, за Израелевите синови, Твои слуги, и ги исповедам гревовите на Израелевите синови, што ги направивме против Тебе; согрешивме: јас и куќата на мојот татко!

7. Правевме многу зло спрема Тебе не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди, кои ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга.

8. Но спомни си за зборовите, што му ги довери на Мојсеја, Твојот слуга: ‘Ако бидете неверни, Јас ќе ве распрснам меѓу народите;

Ездра 1