Евреите 9:18-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

19. Имено, кога Мојсеј му ја изговори секоја заповед според Законот на целиот народ, зеде крв од јунци и јарци со вода и со црвена волна и со исоп ги попрска: и самиот книжен свиток и целиот народ,

20. велејќи : „Ова е крвта на заветот, што Бог го склучи со вас.”

21. А исто така ги попрска со крвта Шаторот и сите богослужбени садови.

22. И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање.

23. И така, неопходно беше сликите на небесните нешта да се очистат со нив, а самите небесни нешта со жртви подобри од овие.

24. Зашто Христос не влезе во ракотворна Светина, која е образ на вистинската, туку во самото небо, за да се јави сега пред Божјото лице за нас.

Евреите 9