Евреите 9:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Секако, и првиот завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште.

2. Зашто беше приготвен првиот дел на Шаторот, во кој беше светилникот и трпезата, и положените лебови, што се вика Светина.

3. А зад втората завеса на Шатарот беше другиот дел, наречен Светина над Светините

4. со златниот жртвеник за кадење и ковчегот на заветот, опкован со злато од сите страни, во кој беше златниот сад со мана и со расцутениот Аронов жезол, и Плочите на заветот,

Евреите 9