Евреите 8:11-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив,

12. зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!”

13. А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.

Евреите 8