Евреите 7:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Со тоа се укинува поранешната заповед, заради нејзината слабост и бесполезност -

19. зашто Законот не усовршил ништо, а се воведува подобра надеж, преку која се доближуваме до Бога.

20. Доколку не бива без заклетва, имено другите станаа свештеници без заклетва;

21. а Тој со заклетва преку Оној, Кој Му рече: „Господ се заколна и нема да се покае: Ти си свештеник довека”,

22. дотолку и Исус стана залог на подобар завет.

23. И тие во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат,

Евреите 7