Евреите 7:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. кој не станал тоа според закон на телесна заповед, туку според силата на неуништливиот живот.

17. Зашто за него се сведочи: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”

18. Со тоа се укинува поранешната заповед, заради нејзината слабост и бесполезност -

19. зашто Законот не усовршил ништо, а се воведува подобра надеж, преку која се доближуваме до Бога.

20. Доколку не бива без заклетва, имено другите станаа свештеници без заклетва;

21. а Тој со заклетва преку Оној, Кој Му рече: „Господ се заколна и нема да се покае: Ти си свештеник довека”,

22. дотолку и Исус стана залог на подобар завет.

23. И тие во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат,

24. а Тој пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека.

Евреите 7