Евреите 6:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението.

10. Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите.

11. Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,

12. и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.

13. Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,

Евреите 6