Евреите 6:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,

12. и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.

13. Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,

14. велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.”

Евреите 6