Евреите 5:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите,

2. како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост.

3. И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси.

4. И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона.

5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”

6. како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”

7. Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста.

8. Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе

9. и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение,

Евреите 5