Евреите 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исуса, Апостолот и Првосвештеникот на нашето исповедување,

2. Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како што беше и Мојсеј во целиот Негов дом.

3. Зашто Овој е удостоен со поголема слава од Мојсеја, како што поголема чест има од куќата оној кој ја изградил.

4. Зашто, секоја куќа некој ја гради; а Бог изградил сè.

Евреите 3