Евреите 13:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Не го заборавајте гостољубието, зашто некои преку него, без да знаат, примија ангели на гости!

3. Помнете ги затворениците, како да сте оковани со нив; и оние кои страдаат, зашто и самите сте во тело!

4. Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.

5. Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”

6. Затоа можеме смело да речеме: „Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?”

7. Помнете ги своите водачи, кои ви го говореа Божјото слово; гледајте на крајот на нивниот начин на живеење, Подражавајте ја нивната вера!

Евреите 13